Ѓоковиќ стана петти тенисер со најмалку 700 недели на врвот на АТП листата

Новак

Новак Ѓоковиќ е надвор од терените по финалето на УС Опен. Србинот даде до знаење дека би можел да го пропушти остатокот од сезоната.

Тешкиот пораз од Данил Медведев во Њујорк си одигра улога во планот на првиот светски рекет за крајот на годината. Од големите настани останува само завршниот турнир, кој ќе се одржи во Торино.

За една работа Ѓоковиќ не мора да се грижи. Има убедлива предност на врвот на АТП листата и се очекува да ја заврши годината на првата позиција.

Пред неколку дена ја започна 339-та недела на првото место и се запиша во историјата. Стана петтиот тенисер со најмалку 700 недели во ТОП 10 на светската ранг листа.

Пред него тоа им успеало на Роџер Федерер, Рафаел Надал, Џими Конорс и Андре Агаси.