Ѓоковиќ стана единствен рекордер на завршниот турнир во Лондон

Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ пристигна на завршниот турнир во Лондон како прв носител и на чело на АТП листата.

Натпреварите ги отвори со победа против Аргентинецот Диего Шварцман кој немаше шанса против расположениот противник. Србинот е петкратен шампион во англиската престолнина кој со првиот триумф оваа сезона стигна до нов рекорд.

Одново го надмина Роџер Федерер и сега стои сам на првото место, кога се во прашање победите на турнирот во Лондон (33). Швајцарскиот ас не е во можност да се натпреварува, бидејќи заздравува од операцијата на коленото.

Српскиот ас полека ги руши сите рекорди на неговиот ривал. За неколку месеци би можел да го сруши од врвот на листата тенисери со најмногу недели минати на првото место на светската ранг листа.

Ѓоковиќ ќе брка нова победа во второто коло, кога ќе ги одмери силите со Данил Медведев од Русија.