Ѓоковиќ спаси две меч топки и слави во полноќниот дуел со Дел Потро

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ е последниот полуфиналист на Мастерсот во Рим, откако во епски дуел кој траеше до еден час по полноќ на терените на „Форо Италико“ го совлада Хуан Мартин Дел Потро со 2-1 во сетови (4-6, 7-6/6, 6-4).

Србинот спаси две меч топки на Аргентинецот во вториот сет, се издигна и го доби вториот и третиот сет за полуфинале со уште еден аргентински тенисер, Диего Шварцман. Новак започна со серија на грешки и никако не можеше да го контролира сервисот на ривалот.

Сепак, Дел Потро само што се врати од повреда и не можеше во ист ритам да го одигра целиот натпревар. Среќата му се насмевна на Ѓоковиќ во вториот сет и потоа беше полесно да се приведе мечот кон крај.

  • Извештај на денот: 

Второто полуфинале го сочинуваат Рафаел Надал и Стефанос Циципас.