Ѓоковиќ со прва победа од јануари, му препушти еден гем на Лајовиќ во Монте Карло

Денес започна првиот Мастерс турнир на земјена подлога, а Новак Ѓоковиќ во првото коло беше поуспешен од својот сонародник, Душан Лајовиќ, кого го совлада со рутински 6-0, 6-1.

30-годишниот тенисер прикажа одлична игра и најави подобри денови во остатокот од сезоната. Ова е негова прва победа од јануари, кога го победи Алберт Рамос-Вињолас во рамки од третото коло на отвореното првенство во Австралија.

Утре, во второто коло, Србинот ќе се соочи со хрватскиот претставник, Борна Чориќ, кој одигра одлично во последните неколку месеци на турнејата околу САД.

Место во следната рунда по денешните дуели обезбедија Нишикори, Раониќ, Шаповалов, Баутиста-Агут и Рамос-Вињолас.