• Иван Димовски
Новак Ѓоковиќ испиша уште една историска страница на Вимблдон. Со триумфот над Флавио Коболи, српскиот ас се пласираше во своето 14. полуфинале на „Ол Ингланд Клаб“, со што го надмина досегашниот рекорд на Роџер Федерер (13).
В петок Ѓоковиќ ќе игра против Јаник Синер за пласман во уште едно финале на најпрестижниот Грен слем. Тој досега има освоено седум титули на Вимблдон и во последните шест настапи секогаш доаѓаше до финале.
Победата над Коболи беше и неговата 102. на Вимблдон, што е личен рекорд кога се во прашање Грен слем турнирите. Тој има голем успех и на останатите терени: Ролан Гарос (101), Австралија Опен (99), УС Опен (90).
ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Twitter



