Ѓоковиќ: Со Мареј имаме јасна стратегија, одлуката е исправна

Новак Ѓоковиќ се огласи брзо по објавувањето на соработката со Енди Мареј, кој официјално ќе биде негов тренер. 24-кратниот Грен Слем шампион ја објасни одлуката и рече дека верува дека нивниот однос ќе биде плодотворен и успешен. 

„Драго ми е што Енди ќе биде мој тренер. Тој беше мој долгогодишен ривал, но сега најдовме заеднички јазик и ја поставивме стратегијата за следната сезона.

Тој ќе биде со мене во текот на целиот подготвителен период, а прв голем настан ќе биде Австралија Опен. Во Мелбурн двајцата имавме многу светли моменти во кариерите, се надевам дека така ќе биде и на стартот од следнта година“, изјави Ѓоковиќ. 

Многумина беа изненадени од одлуката на Србинот да го ангажира токму Мареј, но има и такви кои велат дека овој тандем може да донесе добри резултати. Ѓоковиќ ќе атакува на единаесеттата титула од првиот Грен-Слем во годината.