Ѓоковиќ: Синер заслужено победи, поразот ме мотивира за следните предизвици!

Новак Ѓоковиќ спортски го призна поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Ролан Гарос, а по мечот изјави дека е благодарен за огромната поддршка што ја имал во текот на турнирот. 

Српскиот ас беше одличен на терените во Париз, но не можеше да се справи со првиот светски тенисер. Потврди дека тоа не го обесхрабрува за сите предизвици што следат. 

„Париз, ти благодарам за поддршката, наклон до земја за љубовта што ми ја даваш. Ова е навистина посебно место за мене. Мислам дека првпат тука чувствувам толку голема поддршка и тоа е неверојатно.

Браво за Јаник, заслужено победи. Се гледаме наскоро, овој пораз ќе ми даде мотивација за следните предизвици“, рече Ѓоковиќ. 

Ѓоковиќ му го препушти финалето на Италијанецот Синер, кој ќе се бори за трофејот во мега-дуел со Шпанецот Карлос Алкараз. 

ФОТО/PHOTO: Roland Garros/Twitter/X