Ѓоковиќ сега го посакува турнирот на кој што владее Рафаел Надал - Ролан Гарос!

Новак Ѓоковиќ Ролан Гарос

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ по победата во Австралија веќе ги насочи мислите кон вториот Грен слем турнир оваа сезона, Ролан Гарос.

31-годишниот српски тенисер вели дека ќе мора добро да се подготви за да се обиде да му се спротистави на првиот фаворит на земја, Рафаел Надал.

„Мора да се подготвам добра за земјената подлога, бидејќи најголемиот предизвик во тенисот е да се победи Рафаел Надал на Ролан Гарос“, кратко прокоментира Србинот.

Ѓоковиќ стигна до 15-та Грен слем титула и го надмина легендарниот Пит Сампрас. Сега пред него стои Надал со 17, а на врвот е Роџер Федерер со 20 големи турнири во својата кариера.

Доколку слави во Париз, најдобриот тенисер во светот ќе го повтори успехот од 2016 година кога стана првиот кој освоил четири Грен слем турнири во низа.