Ѓоковиќ се закани: Новата генерација мора да го мрдне задникот за да ме достигне!

Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ се наоѓа пред нов голем успех во кариерата. Ако победи во финалето против Данил Медведев, ќе ја запише деветтата титула во Мелбурн, што ќе значи дека ќе стигне до бројка од 18 Грен слем титули во кариерата.

Русинот важи за еден од најнезгодните противници за Србинот, кој е дел од т.н „нова генерација“. Првиот светски рекет го најави финалниот судир со рускиот ас со провокативна изјава.

„Ова беше еден ролеркостер, без сомнение. Го имав тој облак на сомнеж по мечот со Фриц и прашањето беше дали ќе можам да го продолжам натпреварувањето или не, не тренирав ниту меѓу натпреварите. Имав и прилично тешка ждрепка со неколку силни сервери како Зверев и Фриц, но сакам да бидам во искушение во раните фази на натпреварот, да градам форма и пат до врвот. И јас бев во искушение на многу нивоа во последната недела, сега верувам дека сум во добра позиција и ситуација. Начинот на кој играм и како се чувствувам ме охрабруваат пред финалето.

Притисокот е секогаш тука, тој е составен дел од она што го работиме. Многу се зборуваше дека новата генерација доаѓа да го преземе водството од нас тројца, но во реалноста тоа сè уште не се случува и можеме да зборуваме за тоа цел ден. Со сета почит кон тие млади момци, тие имаат уште многу да направат. Јас сигурно нема да стојам мирно и ќе направам сè за да ги натерам да го мрднат задникот за да се случи тоа“, порача Новак.

Ѓоковиќ ќе важи за фаворит за титулата, меѓутоа ќе налета на ривал кој нема пораз на последните 20 меча. Тоа носи дополнителна доза на неизвесност и непознаница пред судирот на „Род Лејвер Арена“.