Ѓоковиќ се врати со рутинска победа, Синер разочара против фаворитот

Новак Ѓоковиќ

По нешто повеќе од еден месец Новак Ѓоковиќ се врати на терените и победи против младиот Јаник Синер на стартот од турнирот во Монте Карло.

Првиот светски рекет немаше проблеми и во два сета стартуваше со победа на местото каде има освоено две титули (6-4, 6-2). Мечот траеше еден час и 35 минути и донесе доминација на фавритот.

Србинот имаше мал пад само на крајот од првиот сет. Тогаш сервираше за водство при резултат 5-3 и го загуби сервисот. Но, затоа направи брејк во следниот гем и го најави триумфот.

Во продолжението одлично ја прочита играта на италијанскиот ас и без проблеми се пласира во следното коло.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде победникот од дуелот меѓу Хуркач и Еванс.