Ѓоковиќ се приближува до магичната бројката 400 недели на чело на АТП

Тениската недала која што е зад нас беше закажана за обврските во Дејвис купот, па врвот на најновата АТП листа изгледа идентично како оној од пред една недела, што значи дека Новак Ѓоковиќ и понатаму е најдоброрангираниот тенисер на планетата.

Ноле, кој беше дел од српската репрезентација на турнирот во Шпанија, овој понеделник ја започнува 391-та недела на чело на листата и сигурно чекори кон магичната бројка од 400 недели на врвот.

Кога ќе успее да стигне до тоа останува да видиме, бидејќи најодликуваниот тенисер на сите времиња реши да направи мала пауза и да ги пропушти турнирите во Кина.

Веднаш зад Ѓоковиќ се Карлос Алкараз кој е на второто место и Данил Медведев на третата позиција, а потоа следуваат Холгер Руне, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Јаник Синер, Тејлор Фриц, Каспер Руд и Александар Зверев.