Ѓоковиќ сè поблиску до рекорд, Медведев го мина Федерер на АТП ранкингот

Новак Ѓоковиќ ја започна 294 недела на челната позиција од АТП ранкингот, со што се приближи кон рекордот на Роџер Федерер, кој е лидер со 310 недели. Рафаел Надал остана второпласиран, бидејќи во Париз не заработи бодови откако го повтори резултатот од минатата сезона и не заработи бодови. 

Доминик Тием остана трет, додека има промена на четвртата позиција. Данил Медведев го искористи неиграњето на Роџер Федерер и го мина на ранг листата. 24-годишникот сега има 6.970 поени или 340 повеќе од Швајцарецот, а Тием е трет на безбедна бодовна разлика.

Меѓу најдобрите десет немаше други промени, па зад Федерер се уште Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Диего Шварцман и Матео Беретини.

До крајот на оваа сезона ќе се одигра уште завршниот АТП Мастерс турнирот во Лондон, кој стартува на 15 ноември.