Ѓоковиќ се откажа од Париз, ја завршува сезоната во Виена и Лондон

Ѓоковиќ Париз

Новак Ѓоковиќ за српските медиуми потврди каков е неговиот план за крајот на тековната сезона.

Србинот, кој се бори за обезбедување на првата позиција на АТП листата, нема да ја брани титулата во Париз. Тој ќе се појави во Виена, а за крај ќе се обиде да стигне до трофејот на завршниот турнир во Лондон.

„До крајот на годината ќе играм два турнири: Виена и Лондон. Не сум бил во Виена скоро 15 години и тоа е турнир што не беше во мојот оригинален распоред, но навистина сакам да играм таму“ , потврди Ѓоковиќ.

На првиот светски рекет потребни му се 350 поени за да ги избегне сите напади на Рафаел Надал до крајот на 2020. Ако заврши на првото место и оваа година, ќе го израмни рекордот на Пит Сампрас, кој е единствен кој шест пати завршувал година на челната позиција на АТП листата.

Српскиот тенисер атакува на апсолутниот рекорд на Роџер Федерер кој 310 недели беше на врвот на светскиот тенис. Многу веројатно е дека Ѓоковиќ наскоро ќе го сруши достигнувањето на ривалот од Базел.