• Горан Упале

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи на Инстаграм по финалето на Австралија Oпен во Мелбурн.
Италијанскиот тенисер Јаник Синер со 21-та последователна победа ја одбрани титулата на Австралија Oпен, а најдобриот светски играч славеше во големото финале против Александар Зверев со 6-3, 7-6/4, 6-3.
Ѓоковиќ, кој по првиот сет му го предаде полуфиналето на Германецот, по мечот во Мелбурн им се обрати на двајцата финалисти.
„Саша, пријателе, продолжи да веруваш! Го имаш тоа во себе. Jaнику, честитки“, напиша Ѓоковиќ.
Јаник Синер со одбрана на титулата ќе остане на врвот на АТП-листата, Зверев ќе биде втор, а Ѓоковиќ од понеделник ќе биде шести играч во светот.