Ѓоковиќ: Се надевам дека Надал ќе игра во Лондон, нема да биде исто без него

Новак и Рафа

Наредната недела е закажан завршниот АТП турнир во Лондон. Англиската престолнина ќе биде местото каде ќе биде познато името на човекот кој ќе заврши на првата позиција на крајот од 2019 година.

Рафаел Надал има мала предност во однос на Новак Ѓоковиќ, но поради повреда би можел да не настапи. Тоа не го посакува неговиот главен конкурент, кој смета дека турнирот нема да биде ист без Шпанецот.

„Жално е што Рафа повторно се повреди, такво нешто не му посакувам никому. И јас сум имал големи повреди во текот на мојата кариера, поминавме многу, па се надевам дека ќе закрепне брзо и ќе биде во Лондон бидејќи турнирот нема да биде ист ако не учествува. Тој е голем шампион и јас многу го почитувам“, смета Србинот.

Роџер Федерер, Александер Зверев, Доминик Тием, Данил Медведев, Стефанос Циципас и Матео Беретини се останатите учесници на завршниот турнир.