• Горан Упале
Новак Ѓоковиќ го продолжува походот по нов трофеј на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави, откако во рамки од второто коло го победи домашниот тенисер Захарие Свајда со 3-1 во сетови (6-7, 6-3, 6-3, 6-1).
Најтрофејниот тенисер на сите времиња се соочи со потешкотии на стартот против Американецот. Свајда тргна мотивирано и имаше решени за секој налет на големиот фаворит. Тоа донесе крајно неизвесна борба, во која двајцата тенисери не ги даваа своите сервиси. Така, сетот влезе во тај-брејк, во кој домашниот тенисер со два мини-брејка стигна до 7-5 и водство во сетови.
Но, тоа беше сè што покажа Свајда на овој меч. Во продолжение на терен можеше да се види најдоброто од Ѓоковиќ. Српскиот ас влезе во претпознатливиот ритам и лесно ги минуваше сите пречки кои беа пред него. Вториот и третиот сет ги освои со по три загубени гема, додека во последниот беше најубедлив и на противникот му препушти само еден гем.
Следен противник на Ѓоковиќ на УС Опен ќе биде подобриот од дуелот меѓу Камерон Нори од Велика Британија и Франциско Комесан од Аргентина.




