„Ѓоковиќ се криеше од воздушните напади, додека Федерер растеше во среќна земја“

Јулија Апостоли, мајката на Стефанос Циципас, се осврна на предизвикот што го имаше Новак Ѓоковиќ во своето тениско патување. Таа истакна дека Ноле и покрај тешкотиите успеал да докаже дека сè е можно.

„Ѓоковиќ се изгради. Со други зборови, тој се појави во тенисот кога Федерер и Надал беа на највисоко ниво. Тие беа татковци на тенисот. Ѓоковиќ не беше познато име, но со текот на времето докажа дека сè е можно. На оние кои го осудуваат ќе им треба време да се преиспитаат. Имав повеќеслоен живот, извесно време живеев во Белград, па зборувам српско-хрватски. Инаку, Ѓоковиќ, иако пишуваат дека е Србин, тој во суштина е Босанец по неговите родители. Но, тој избра една од тие националности, кои живееја во Југославија“.

Таа го спореди патот на Ѓоковиќ со оној на Федерер.

„Имаше многу тешко детство. Ова може да се објасни. Кога беше дете мораше да се крие во засолништа поради воздушните напади. Федерер порасна во среќна земја, Швајцарија“, рече Апостоли.

Инаку, мајката на Циципас е поранешна тенисерка која настапувала за Советскиот Сојуз и Грција, а најдобар пласман ѝ е 194. место во 1990 година.