Ѓоковиќ самоуверено владее на АТП листата, без промени во ТОП 10

Новак Ѓоковиќ ја започна својата 247-ма недела на врвот на АТП листата, каде се наоѓа од 5 ноември минатата година.

Ѓоковиќ има 11.070 бодови, а најблиску зад него е Рафаел Надал со 8.725 поени. На третото место со 6.040 поени се наоѓа Александар Зверев, а на четвртата позиција со 5.590 поени е Роџер Федерер. Место во првите десет има и за Доминик Тием, Кеи Нишикори, Кевин Андерсон, Стефанос Циципас, Хуан Мартин Дел Потро и Џон Иснер.

Тениската елита во текот на неделата ќе биде дел од Мастерс турнирот во Монте Карло, а голем фаворит за освојување на нова титула е Рафаел Надал.