• Иван Димовски
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерс турнирот во Шангај, во потрага по јубилејна стота титула во својата АТП кариера. Во пресрет на турнирот Србинот најави дека посакува да ја удри „стотката“ токму во Шангај.
„Минаа пет години, предолго мина од мојот последен настап тука. Сакам да играм тука, условите се добри, а имам и голема поддршка. Тоа ми е дополнителна мотивација и сакам тука да ја освојам својата 100. титула.
Се трудам да напредувам од ден на ден, тренирам многу за да дојдам до посакуваното ниво бидејќи не играв многу турнири во последно време. Морам да фатам приклучок зад останатите“, изјави Србинот.
Трофејот во Шангај ќе го брани Хуберт Хуркач, а Ѓоковиќ е рекордер со пет титули на овој Мастерс.