Ѓоковиќ сака да ја смени селекцијата и да игра за Монако?

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ наводно размислува за промена на репрезентацијата за која настапува. 

Ваквите наводи ги пренесе поранешниот тенисер од Монако, Бенџамин Балерт, кој изјави дека Новак му признал дека сака да настапи за нивната селекција и да помогне на било кој начин на кнежевството. 

„Новак лично ми кажа дека би сакал да се придружи на нашиот состав за Дејвис купот. Тој го сака Монако и би сакал да му помогне. Ѓоковиќ Навистина ужива во Монте Карло и тука минува доста време. Ни беше од голема помош кога ги реновиравме терените“, изјави Балерт за „Л'Екип“. 

Ѓоковиќ веќе долго ги брани боите на Србија, а и покрај тоа што има желба за настап за Монако на Дејвис купот, правилата на ИТФ велат дека не е дозволена промена на репрезентацијата. Тој инаку веќе 13 години има живеалиште во оваа мала земја, но не би смеел да ја претставува на официјалните натпреварувања.