Ѓоковиќ рутински го скокна Шаповалов, Дел Потро пресилен за Гофин

По фантастичните победи на Роџер Федерер и Рафаел Надал, и Новак Ѓоковиќ не остана должен на своите фанови и на доминантен начин ја мина првата пречка на Мастерсот во Рим. 

Првиот рекет на АТП листата со убедливи 2-0 (6-1, 6-3) славеше над Денис Шаповалов и ја запиша својата втора овосезонска победа над канадскиот ас. Првиот сет Србинот го одигра речиси без грешка и со два брејка во низа стигна до 6-1, додека во вториот одлучувачки беше седмиот гем, кога Шаповалов го загуби својот сервис и му дозволи на противникот да слави заслужена победа. 

Хуан Мартин Дел Потро со брилијантен меч им се врати на победите по долгата пауза заради повреда. Аргентинскиот тенисер цели три месеци беше повреден, а денес во својот прв меч во Рим со 6-4 и 6-2 го уништи Давид Гофин.