ВИДЕО: Ѓоковиќ режира НЕВЕРОЈАТЕН поен и ја „запали“ публиката во Лондон!

Српското дерби беше една од главните атракции на третото коло на Вимблдон. Новак Ѓоковиќ извојува лесна победа над сонародникот Миомир Кецмановиќ, а најтрофејниот на сите времиња уште еднаш ја покажа својата класа и режира нов неверојатен поен. 

Во финишот од првиот сет двајцата тенисери влегоа во возбудлива размена, Ѓоковиќ напаѓаше, но Кецмановиќ наоѓаше начин како да се одбрани. Сè додека големиот шампион со паралела за која се фрли, го освои поенот и неверојатниот потег го прослави со неверица, но и со насмевка. 

Во осминафиналето Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со Австралиецот Алекс де Минор.