Ѓоковиќ против Србин во првото коло на АО, со Надал или Зверев дури во полуфинале

Новак Ѓоковиќ, првиот носител на Австралија опен, го дозна противникот во воведното коло од првиот овосезонски Грен слем што започнува в понеделник. Српскиот ас, доколку ја „преживее“ драмата во Мелбурн, турнирот ќе го започне со меч против својот сонародник Миомир Кецмановиќ.

Победникот од српскиот дуел во второто коло ќе се судри со победникот од мечот меѓу Том Пол и квалификант. Според проектираната ждрепка, Ѓоковиќ во третото коло би можел да се сретне со 21. светски рекет Италијанецот Сонего. Во евентуалното четвртфинале Србинот ќе ги одмери силите со Матео Беретини, додека во проектираното полуфинале ќе се соочи со подобриот од мечот, Александар Зверев - Рафаел Надал.

Од другата страна на ждрепката се првите осум носители Данил Медведев, Стефанос Циципас, Андреј Рубљев и Каспер Руд, а Ѓоковиќ во евентуалното финале може да игра само со еден од нив.