• Горан Упале

За првпат по финалето на Мастерсот во Париз во ноември, Новак Ѓоковиќ забележа пораз на тенискиот терен, а првпат по четвртфиналето на Ролан Гарос во јуни минатата година, тој не се пласираше во финале.
Во Дубаи во полуфиналето беше запрен Данил Медведев, кој одигра фантастичен натпревар и на крај славеше со 6-4, 6-4.
„Пресуди неговото трпение и на мојата нетрпеливост. Во клучните моменти не одиграв како што сакав. Имав неколку лоши неизнудени грешки и така му го дадов првиот сет. Вториот сет беше понеизвесен, но не успеав да стигнам до брејк топка. Тој сервираше добро и јас бев без решение во некои ситуации од основната линија“, рече Ноле, кој пред овој пораз имаше дваесет последователни победи.
Медведев дојде во Дубаи по две последователни титули, во Ротердам и Доха. Тој попладнево ќе се бори за третата по ред против својот сонародник и голем пријател Андреј Рубљев.