ВИДЕО: Ѓоковиќ пресилен за Фратанџело, Колшрајбер го сопре извиканиот Ник Кирјиос

Пред очите на Пит Сампас, светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс. Србинот помина на центалниот терен скоро 90 минути за да го победи Американецот Бјорн Фратанџело со 2-0 во сетови 7-6/5, 6-2.

Во следното коло в понеделник Новак ќе се соочи со Германецот Филип Колшрајбер, кој го елиминира Австралиецот Ник Кирјиос со 6-4, 6-4. 

Словакот Клизан го предаде дуелот против Александар Зверев при водство на Германецот од 6-3, 2-0, а Доминик Тием беше подобар од Томпсон од Австралија со 6-3, 7-5.

40-годишниот Иво Карловиќ приреди ново изненадување и го победи сонародникот Борна Чориќ во два сета (6-4, 7-6/2).  

Извештај на денот во Индијан Велс: 

Поен на денот: 

Вечерва дебитира Федерер во мечот против Германецот Гојовчик, а Доналдсон ќе биде првиот ривал на Рафаел Надал.