Ѓоковиќ преку Зверев обезбеди полуфинале во Лондон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да слави над Александар Зверев (6-3, 7-6) и патува во полуфиналето на завршниот АТП-турнир кој се игра во „О2 Арена“ во Лондон.

Мечот кој го даде вториот патник од групата траеше час и 40 минути, а Ноле до победата дојде поради еден брејк во првиот и подобра тај-брејк игра во вториот сет.

Прворангираниот светски тенисер направи брејк на отворањето на мечот за 2-0, што беше доволно да го освои првиот сет, додека во вториот решавачки сет, лошо го отвори тај-брејкот затоа што загуби поен, ама тоа го анлуира со освоен поен на противникот за 2-2, а потоа и за 5-3. До победата Ноле дојде преку првата меч-топка.

Ѓоковиќ од групата А во полуфиналето патува заедно со Данил Медведев кој е лидер. Паровите во полуфиналето се веќе познати, Ноле ќе игра против Доминик Тием (сабота, 15:00), додека Рафаел Надал ќе се сретне со Данил Медведев.