Ѓоковиќ поради „гласни вулгарности“ парично казнет на Вимблдон!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е казнет со 5.600 фунти од организаторите на Вимблдон поради „гласни вулгарности“ за време на осминафиналниот натпревар против Русинот Роман Сафиулин.

Според соопштението на организаторите, Ѓоковиќ во неколку наврати употребил вулгарни зборови по загубени поени, поради што најпрво добил опомена од главниот судија, а потоа му била изречена и парична казна.

Инцидентот се случи на дуелот во кој српскиот ас го совлада Сафиулин со 3-1 во сетови (7-6, 6-3, 3-6, 6-3) и обезбеди место во четвртфиналето.

Во меѓувреме, Ѓоковиќ се пласираше и во полуфиналето на најпрестижниот тениски турнир, откако во драматичен меч го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 3-2 во сетови (7-6, 3-6, 6-3, 6-7, 7-6).

Во борбата за финалето, српскиот тенисер ќе се соочи со светскиот рекет број еден, Јаник Синер.