Ѓоковиќ подготвен да го сруши престижниот рекорд на Федерер по АО

Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ќе исполни една од своите неколку цели кои ги зацртал до крајот на играчката кариера.

Сега е сигурно дека на 8 март српскиот ас ќе ја започне 311-та недела на врвот на АТП листата. Со тоа ќе го сруши апсолутниот рекорд кој е во сопственост на Роџер Федерер (310).

Следен чекор за 33-годишникот ќе биде напад на рекордното достигнување кога се во прашање освоените Грен слем трофеи. Во оваа категорија на делба на првото место се Федерер и Надал со 20 одличја.

Србинот моментално стои на 17, но има голема шанса да ја намали разликата на својот омилен турнир во Австралија. 

Настанот во Мелбурн се очекува да започне на осми февруари, а Ѓоковиќ ќе биде прв носител и бранител на титулата од минатата сезона.