Ѓоковиќ по УС Опен ќе направи историски исчекор во својата кариера

По завршувањето на УС Опен, Новак Ѓоковиќ ќе испише нова страница во тениската историја, затоа што ќе се израмни на четвртата позиција со легендарниот Џими Конорс на вечната листа по бројот на седмици минати на чело на АТП.

Денес, Ноле ја започна својата 265-та седмица на врвот на светскиот тенис, а без разлика на пласманот на УС Опен, извесно е дека ќе остане на таа позиција и по завршувањето на последниот Грен слем оваа сезона. 

Но, српскиот ас може до уште поголем успех. Според некои прогнози, Ѓоковиќ, речиси ја има обезбедена челната позиција до Мастерост во Шангај, а доколку се реализира тоа ќе се искачи на третата позиција на вечната листа и ќе го прескокне големиот Иван Лендл. 

Лидер во оваа листа е Роџер Федерер со дури 302 седмици на чело на АТП, а пред Ноле уште се и Пит Сампрас со 286 и Лендл со 270.