Ѓоковиќ по трилер од ПЕТ сета и ПЕТ часа до полуфинале и мега-дуел со Синер на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ на спектакуларен начин се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако по голема борба го совлада Феликс Оже-Алијасим со 3-2 во сетови.

Српскиот тенисер мораше да мине низ вистински маратон против одличниот Канаѓанец, кој двапати се враќаше во мечот и не му дозволи на Ѓоковиќ лесно да ја заврши работата. Сепак, искуството и смиреноста на Новак дојдоа до израз во решавачките моменти.

Ѓоковиќ славеше со 7-6/10, 3-6, 6-3, 6-7/4, 7-6/3 и уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите мајстори за драматични грен-слем дуели. Спектакуларното четвртфинале траеше нешто повеќе од пет часа.

Во полуфиналето го очекува голем спектакл против Јаник Синер, кој претходно без загубен сет го елиминираше Јан-Ленард Штруф.