Ѓоковиќ по поразот од Којшрајбер: Не сакам да губам, не играм на највисоко ниво! 

Новак Ѓоковиќ ќе треба да почека до идната сезона за да добие нова шанса да испише историја и да го освои рекордниот шести трофеј од првиот Мастерс во Индијан Велс. Српскиот ас, синоќа забележа неочекувана елиминација и своите настапи во калифорниската пустина ги заврши по три одиграни кола. 

Патот за дома на Ноле му го покажа германскиот тенисер Филип Колшрајбер, кој одигра брилијантен меч и со 2-0 во сетови го совлада големиот фаворит. Ноле по мечот го искажа своето незадоволство од елиминацијата и призна дека не играл на високо ниво. 

„Не сакам да губам, затоа морам да бидам искран. Мразам кога вака ќе завршат моите настапи, особено на турнирите на кои имав големи успеси во минатото, каков што е овој во Индијан Велс. Имав еден од „оние“ денови. Да бидам искран, не играм на највисоко ниво“, вече Ѓоковиќ. 

За 35-годишниот Колшрајбер ова беше негов втор триумф во кариерата над Новак Ѓоковиќ, претходно тоа му успеа пред 10 години, кога славеше на Ролан Гарос. 

>>> ПОВРЗАНО- ВИДЕО: Фрустрираниот Ѓоковиќ загуби глава и со нога го искрши рекетот