ВИДЕО: Ѓоковиќ пак во притвор, конечната одлука се очекува на крајот од денот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде во центарот на огромен скандал, откако допатува во Мелбурн за Австралија Опен без примена вакцина против коронавирусот. Неговата виза беше укината, па потоа по одлука на судот вратена. Сепак, министерот за емиграција одлучи пак да му ја повлече и Ѓоковиќ денес беше на сослушување, па конечната одлука ќе ја донесе судот на чело со тројца судии. 

Откако српскиот ас беше сослушан заедно со адвокатскиот тим, судот му наложи да се врати во притвор. Тој беше пренесен во карантин и ќе остане притворен додека се донесе одлуката. 

И покрај сè, постои надеж Ѓоковиќ да заигра на Австралија Опен. Три судии ќе ја донесат конечната одлука во случајот на српскиот тенисер, па ако пресудат во негова корист, владата на Австралија ќе нема доволно време да реагира до стартот на турнирот. 

Одлуката на судот се очекува вечерва околу 23:30 часот, но истата може и да се оддолжи и да дојде подоцна во ноќта.