Ѓоковиќ: Овој турнир е сон за мене, соништата се остваруваат

Новак Ѓоковиќ финале

Првиот носител на Вимблдон и бранителот на титулата од минатата сезона, Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за својот петти трофеј на овој турнир.

Во полуфиналето тој го надигра Роберто Баутиста-Агут со 3-1 во сетови и се избори за ново финале. По мечот Србинот изрази големо задоволство што ќе игра уште еден меч од соништата во Лондон.

„Ова е турнир од соништата за мене, тие се остваруваат. Без разлика на сите други Грен слем финалиња, тука во Лондон е поинаку. Ќе уживам во секој момент“, рече првиот светски рекет.

Ѓоковиќ со одбрана на титулата ќе обезбеди место на завршниот АТП турнир.