Ѓоковиќ откри: Најмногу ме боли срцето за еден момент во кариерата...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во интервју говореше за неговиот најболен момент во кариерата и истакна дека еден турнир никогаш нема да го заборави.

Се работи за поразот на Летните Олимписки Игри во 2016 година во Рио. Таму тој загуби од Хуан Мартин Дел Потро и му згасна сонот за златен олимписки медал во дресот на Србија.

„Имав големи очекувања за тие ЛОИ. Бев прв светски рекет, освоив четири Грен Слема по ред. Исто така, бев во највисок ритам во мојата кариера. Чувствував дека е дојден моментот за златен медал. Срцето ми се скрши кога испаднав, најмногу ме боли тој момент. Чест и привилегија е да се игра на таков голем настан за својата држава“, изјави Ѓоковиќ.

Следна шанса за златен медал на ЛОИ, Ѓоковиќ ќе има следната година кога се закажани Олимписките игри во Токио.