Ѓоковиќ откри каде ги чува сите трофеи кои ги освоил

Новак Ѓоковиќ трофеи

По титулата во Токио и Париз, Новак Ѓоковиќ ги впери очите на трофејот на завршниот турнир во Лондон. Српскот тенисер воедно ќе игра и за првото место на АТП листата, за кое конкуренција има во Рафаел Надал.

Досега во кариерата 32-годишникот има освоено 77 титули, а сега откри каде се тие и што прави со нив.

„Не ги чувам трофеите дома (во Монте Карло). Ги праќам во Србија и моите родители одлучуваат што сакаат да прават со нив. Или ги чуваат дома или ги ставаат во нашиот мал музеј околу ресторанот. Ни треба поголем простор како што одминуваат годините...“, вели Србинот.

Завршниот турнир во „О2 Арена“ се игра наредната недела, а Ѓоковиќ ќе биде во група заедно со Роџер Федерер, Доминик Тием и Матео Беретини.