• Иван Димовски

Новак Ѓоковиќ го елиминира Рафаел Надал во полуфиналето на Ролан Гарос, нешто што никому досега не му успеало. Третиот пораз во историјата на турнирот за Надал дојде по пресврт, иако водеше со 1-0 во сетови, Ноле го сврте резултатот и славеше со 3-1.
Двата тенисери приредија спектакл, неверојатен натпревар со многу добри поени, но овој на Ѓоковиќ за 5-2 во четвртиот сет навистина се издвојува. По долго надигрување, Србинот врати неверојатен удар од Надал, а потоа со доза на ризик и краток бек-хенд го заврши гемот.
- Атрактивниот поен во полуфиналето:
FOUR hours in #RolandGarros | @DjokerNole pic.twitter.com/NbIObt6W9M
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 11, 2021
Ѓоковиќ во големото финале ќе се пресмета со Стефанос Циципас, кој во полуфиналето го исфрли Зверев.