Ѓоковиќ останува прв, Надал ја намали разликата со триумфот во Барселона

Новак Надал

Нема промени на врвот на најновата АТП ранг листа. Новак Ѓоковиќ го чува првото место пред Рафаел Надал, кој ја намали предноста во однос на ривалот со победата во Барселона.

Трет останува Данил Медведев, а го следат Доминик Тием, Стефанос Циципас и Александер Зверев.

АТП ранг листа:

  • 1 (1) Новак Ѓоковиќ (Србија) 11963
  • 2 (2) Рафаел Надал (Шпанија) 9810
  • 3 (3) Данил Медведев (Русија) 9700
  • 4 (4) Доминик Тием (Австрија) 8365
  • 5 (5) Стефанос Циципас (Грција) 7910
  • 6 (6) Александар Зверев (Германија) 6125
  • 7 (7) Андреј Рублев (Русија) 6000
  • 8 (8) Роџер Федерер (Швајцарија) 5875
  • 9 (9) Диего Шварцман (Аргентина) 3765
  • 10 (10) Матео Беретини (Италија) 3493

Следат Мастерс турнирите во Мадрид и Рим , а потоа на ред доаѓа вториот Грен слем турнир оваа сезона, Ролан Гарос.

Надал ја брани титулата, а Ѓоковиќ ќе игра за одмазда за тешкиот пораз во големото финале од ланската година.