Ѓоковиќ останува „крал“ на Мастерсите, Надал не успеа да го достигне ривалот

Новак Ѓоковиќ

Поразот во полуфиналето во Париз значи дека Рафаел Надал ќе чека уште една сезона за да го освои трофејот кој му фали во богатата кариера.

Шпанскиот тенисер остана на 35 Мастерс-титули и со тоа не успеа да го израмни апсолутниот рекорд на Новак Ѓоковиќ. Првиот светски ас има една победа повеќе од својот ривал и го држи рекордот, со одиграни 52 финалиња.

Зад нив заостанува Роџер Федерер кој стои на 28 титули, а  повредата и паузата го спречија да го подобри својот скор оваа сезона.

Бројот на победи е на страна на Надал кој има 389, па следуваат Федерер (381) и Ѓоковиќ (365).