• Мартин Танасковски
Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи победнички на мастерс-турнирот кој се игра во Мајами, САД, со победа во два сета.
Ноле, кој во моментов е петти светски рекет, славеше над Камило Уго Карабели од Аргентина, кого го доби со 2-0 во сетови (6-1, 7-6). Србинот покажа две различни лица, во првиот доминирраше, додека во вториот славеше мачно по тај-брејк.
Мечот траеше еден час и 45 минути. Во осминафиналето во Мајами, Ѓоковиќ ќе игра со Италијанецот Лоренцо Мусети.
Оваа победа беше рекордна за Ѓоковиќ на мастерс-турнирите - единствен тенисер со 411 победи на турнирите од рангот 1000. На овој турнир, Новак Ѓоковиќ игра за јубилејната 100. титула во кариерата.