Ѓоковиќ одбил пасош од друга држава: Можевме да ги решиме сите проблеми, ама...

Новак Ѓоковиќ бележи неверојатни тениски успеси под знамето на Србија, но во минатото тој можел да игра за друга држава и да има друго државјанство.

Свескиот рекет број еден во интервју за „Tennis world“ истакна дека како јуниор му било понудено да игра за Велика Британија, но тој и неговите родители одбиле да ја менуваат Србија.

„Играв многу добро на јуниорските турнири, ме забележаа менаџери и ми предложија да ми дадат британско државјанство. Беше примамливо затоа што можевме тогаш да си ги решиме сите проблеми, ама категорично одбивме“, раскажа Ноле.

Ѓоковиќ зад своето име има 17 Грен Слем трофеи, а до крајот на кариерата има една цел, да застане на првото место на вечната листа кое во моментов е во сопственост на Роџер Федерер.