Ѓоковиќ обвинет за сексизам: „Новак, пак ли заборави на тенисерките?...“

Ѓоковиќ Еверт

Големото ривалство меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал беше збогатено со уште еден дуел. Во финалето на Ролан Гарос, шпанскиот тенисер намали на 29-27 во меѓусебните судири со српскиот ас и ја освои 13-та титула во Париз.

По мечот Србинот зборуваше дека големиот шампион од Мајорка е неговиот најголем ривал во кариерата и дека нивното ривалство е најголемо во историјата на спортот.

Поради овој коментар наиде на критики на социјалните мрежи. Првата реакција пристигна од легендарната тенисерка Крис Еверт. Таа го потсети дека нејзиното ривалство со Мартина Навратилова е далеку поголемо, со оглед на тоа што тие одиграа дури 80 меча.

Овој „твит“ на американската тенисерка предизвика реакции и од тениската јавност. Фановите го обвинија Ѓоковиќ за сексизам и му порачаа во иднина да не заборава на жените, кога зборува за историјата на тенисот.

„Совршен твит. Ѓоковиќ е супер сексист како и обично"," Ох, Ѓоковиќ, дали повторно заборави на жените?...“, беа дел од пораките кон првиот светски рекет.

Осудите за сексизам на сметка на српскиот тренер започнаа пред четири години кога тој рече дека тенисерите треба да заработуваат повеќе пари отколку тенисерките.