• Горан Упале
Новак Ѓоковиќ последните неколку седмици ги минува во својата татковина, каде се подготвуваше за настапите на Дејвис Куп репрезентацијата на Србија.
Својот престој во Белград го искористи и за гостување во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“, во која одговараше на спортски теми, но и објаснуваше некои претходни изјави. Една од нив е онаа дека „Србите се небески народ“.
Најдобриот тенисер на сите времиња, освојувачот на 24 Грен слем титули, се присети и на тешките моменти во детството, каде што тврдеше дека тоа му го обликувало карактерот, а потоа зборуваше и за верата и за тоа колку значи тоа за него во животот.
„Можам да одговорам како Србин, не дај Боже како политичар. Можам компетентно да зборувам за спорт и ментална подготовка, но за ова можам да зборувам само лично. Јас реков дека ние сме небесна нација, но луѓето овде губат верба во фактот дека сме небесна нација. Причината е тешката ситуација. И овде и во светот не е најдобро, многу луѓе имаат егзистенцијални проблеми. Затоа другите работи не се многу важни. Прво гледате како да обезбедите леб за семејството.
Вербата во небесната сила, во Бога, е нешто што ја чува оваа нација од големи неволји со векови. Верата мора да се одржи за да се биде независен, да се развие критичко размислување и да се оцени дали нешто е добро за вас. Мора да верувате дека постои небесна сила што ве носи ако живеете според вредностите“, рече Ноле.
Српскиот ас забележа победа во првиот настап против Грција, а денес ќе одигра уште најмалку еден меч пред својата публика.