Ѓоковиќ нема да оди во нов притвор, закажан му е разговор со службеници за имиграција!

Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ нема да заврши во притвор, тоа е последната информација која доаѓа од Мелбурн.

Најдобриот тенисер на денешницата остана без виза по вторпат. Адвокатскиот тим на српскиот ас подготвува нова жалба и ќе бара нивниот клиент да добие шанса да се натпреварува на Австралија опен. Утрешниот ден ќе биде клучен за иднината на овој случај. Првиот светски рекет има закажано разговор со службеници за имиграција.

Ѓоковиќ се надева дека сагата ќе заврши до недела, со цел да може целосно да се фокусира на одбрана на титулата во Мелбурн.

Тој веќе е поставен како прв носител на турнирот кој почнува в понеделник и се бори со времето да стигне да се натпреварува на првиот голем турнир во 2022 година.