Ѓоковиќ недопирлив на челната позиција, Осака пак најдобра кај дамите

Новак Ѓоковиќ АТП

И покрај тоа што е на „одмор“, Новак Ѓоковиќ не ја дава челната позиција на АТП листата. Српскиот ас сигурно го чува врвот на светскиот тенис, но неговиот голем конкурент Рафаел Надал успеа да ја намали разлика за 90 бода. 

Со вчерашниот триумф на Мастерсот во Монтреал, Шпанецот сега заостанува 4.380 бода во однос на Ѓоковиќ, а немаше промени ниту на третата позиција. Таму е Роџер Федерер, па следат Тием, Нишикори, Зверев, Циципас, Медведев, Хачанов и Фабио Фоњини

Kaj дамите, пак, Наоми Осака се врати на лидерското место, пад за едно место имаше Берти, додека од првите десет, две места напредуваше Серена Вилијамс, која вчера поради повреда го предаде финалето во Торонто.

Халеп остана трета, Бертенс е четврта, па следат Квитова, Свитолина, Вилијамс, Сабаленка и Стивенс.