Ѓоковиќ не се откажува, пријавен е за учество на турнирот во Пекинг

Новак Ѓоковиќ се најде на листата на пријавени тенисери за АТП турнирот во Пекинг, што би можело да значи негово враќање во кинеската престолнина по пауза од 11 години. Сепак, листата сè уште не е конечна, па останува да се види дали Ѓоковиќ навистина ќе настапи. 

Српскиот ас во ноќта меѓу недела и понеделник доживеа неочекувана елиминација уште во првото коло на УС Опен, откако загуби од Аргентинецот Маријано Навоне. Српскиот ас имаше и физички проблеми во текот на мечот, па неговиот настап во Пекинг ќе зависи и од тоа како ќе се чувствува во следниот период.

Турнирот во Пекинг, според официјалниот календар на АТП, ќе се игра од 30 септември до шести октомври.

Ѓоковиќ има совршен учинок на турнирот - во шест настапи има освоено шест титули. Триумфираше во 2009, 2010, 2012, 2013, 2014 и 2015 година.

Покрај него, на листата се наоѓаат и Јаник Синер, Александер Зверев, Феликс Оже-Алијасим, Флавио Коболи, Алекс де Минор, Данил Медведев и Јакуб Меншик. На турнирот се очекува настап на дури седум тенисери од Топ-10.