Ѓоковиќ не се откажа од ЛОИ само поради замор, има уште една причина!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги заврши Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио без освоен медал. По поразот од Пабло Карењо-Буста во битката за бронзата во сингл, тој требаше да игра во двојки, ама се повлече.

Новинарите на големо пишуваат за најдобриот светски ас кој остана без медал. Најновата вест која доаѓа вели дека Ѓоковиќ не се откажал само поради замор како што претходно беше наведено, туку постои и уште една причина.

Прворангираниот светски тенисер имал и повреда на рамото и не можел повеќе да ризикува да игра тенис. Превентивно се откажал од натпреварот во микс во двојки, за да не се здобие со потешка повреда пред следните предизвици, во случајов тоа е УС Опен.

Србинот во пар со Нина Стојановиќ требаше да игра за бронзата во микс во двојки, но по откажувањето, медалот замина во рацете на Џон Пирс и Ешли Барти.