Ѓоковиќ: Не се опишува како се чувствувам, да го победиш Рафа на овој терен е...

Новак Ѓоковиќ ќе игра ново финале на Ролан Гарос. Српскиот ас ја мина најголемата пречка до патот до трофејот во Париз, затоа што синоќа во епско полуфинале преку пресврт со 3-1 славеше над големиот ривал Рафаел Надал.

По дуелот Ѓоковиќ истакна дека е привилегија да се дели теренот со „кралот на земјената подлога“ и дека оваа победа за него е најголема во кариерата во Париз.

„Прво сакам да кажам дека е привилегија да се дели овој терен со Рафаел Надал. Ова е најдобриот меч што го одиграв тука во Париз, против мојот најголем ривал. Атмосферата беше неверојатна.

За да го победите Рафа на овој терен, мора да го играте вашиот најдобар тенис, и тоа го направив вечерва. Тешко е да се најдат зборови за да се опише како се чувствувам“, рече Ѓоковиќ. 

Противник на Србинот во големото финале ќе му биде Стефанос Циципас. Гркот во првото полуфинале со 3-2 славеше над Александар Зверев од Германија.