„Ѓоковиќ не погреши, Мареј може да биде совршен тренер за него“

Спортската јавност уште е со поделени мислења околу одлуката на Новак Ѓоковиќ да го ангажира за тренер неговиот долгогодишен ривал, Енди Мареј. 

Многумина сметаат дека овој потег е навистина чуден и непотребен, но дел од тениските експерти велат дека Србинот направил правилна одлука, а објаснија и зошто. 

„Беа различни како играчи, но во овој тандем може да функционираат совршено. Интересно да видите како некој гради стратегија со играч кој активно му бил противник на терените долг извесен период.

Тука може да се случи совршена хемија“, изјави тренерот Патрик Муратоглу, а сличен став со неговиот имаше и Србинот Богдан Обрадовиќ. 

„Изненаден сум од Мареј, не знаев дека има тренерски амбиции. Оваа идеја на Новак може да биде одлична, Енди може да му помгогне да разбуди во него стари мотиви, но да креира и нови.

Тие заедно можат да им се спротивстават на младите таленти и да го пренесат своето искуство за уште некој трофеј во кариерата“, смета Обрадовиќ.

Ѓоковиќ пред неколку дена ја објави соработката со Енди Мареј, а прв сериозен предизвик за новиот тренер ќе биде настапот на Австралија Опен во јануари.