Ѓоковиќ не може без големите ривали: Без Рафа и Роџер е многу поразлично

Новак Ѓоковиќ успешно го започна тенискиот турнир на ЛОИ во Токио. Светскиот рекет број еден без некои поголеми проблеми се пласираше во втората рунда, откако со убедливи 6-2, 6-2 славеше над Уго Делиен од Боливија.

Новак вели дека е возбуден што ја претставува својата држава на овие Олимписки игри, а призна дека на турнирот е многу поразличен без неговите големи ривали, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

„Дефинитивно е различно без Рафа и Роџер. Немаше многу турнири во минатото каде што тие не играле, но има една млада генерација со многу добри играчи кои имаат одличен квалитет. Како Циципас, Медведев и други, и за мене е многу важно да бидам концентриран и да го давам својот максимум секој ден“, рече Ѓоковиќ.

Сега, во рамки од второ коло Србинот ќе се судри со Германецот Јан-Ленард Штруф, противник од кого никогаш не загубил.