Ѓоковиќ, Надал и Дел Потро со стартни победи во Акапулко

Хуан Мартин дел Потро и Новак Ѓоковиќ со победи го започнаа  АТП турнирот во Акапулко во Мексико и ќе се сретнат меѓу себе во осминафиналето за време на следната ноќ по средноевропско време. 

Дел потро забележа победа, откако во полуфиналето во Делреј Бич минатата недела загуби од Милиш Раониќ. Аргентинецот славеше против Таифо од САД со 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 7-6).

Новак Ѓоковиќ не блескаше, но го елиминира Словакот Мартин Клижан со 2-0 во сетови (6-3, 7-6) и ќе има можност за реванш против Аргентинецот од кого загуби во првото коло на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро. 

Рафаел Надал со 2-0 во сетови (6-4, 6-3) беше подобар од Миша Зверев од Германија, а Ник Кирјиос од Австралија осминафиналето го обезбеди со победа над Дуду Села од Израел со 2-1 во сетови (3-6, 6-3, 6-3).